ЗА НАС

Задоволството на клиентите е традиција на доверба на нашето 23 годишно постоење.

Ирис печатница е компанија со целосно приватна сопственост основана во 1996г. со основна графичка и печатарска дејност.

Водени од довербата на клиентите, со огромен ентузијазам и јасна визија следејќи го светскиот модерен дизајн и квалитет,

располагаме со тим искусни и високо стручни лица, посветено и амбициозно насочени од дизајн до финален производ.

Ирис печатница за потребите на клиентите располага со:

* Студио за дизајн, совети за графички дизајн по стандарди, припрема и подесување на сите параметри до финален квалитетно отпечатен производ.

* Производствен капацитет со офсет и дигитал машини, припрема и финална машинска и рачна доработка.

Примената на сите технолошки достигнувања, модернизацијата на опремата, објектите, како и целокупниот производствен процес,постојана едукација на старите и нови кадри нѝ овозможува висок квалитет на производите.

Производствениот капацитет воглавно е исполнет со производство на книги во големи тиражи, нивна подготовка, графичко уредување, дизајн и печат.
Во производството се опфатени сите стандардни формати, црно-бело и колор варијанта, тврд и мек повез, укоричување, пластифицирање…

Освен книги, изработуваме: каталози, брошури, флаери, плакати, рекламен и секаков вид на канцелариски материјали (визит карти, испратници, меморандуми, нотеси, папки, планери, медицински – ординациски материјали, етикети, дневници…), алманаси, календари, секаков вид на покани…

Нашиот квалитет ѝ дава слобода на вашата креативност.

Ирис печатница ви нуди офсет и дигитал печат со врвен квалитет и модерен дизајн на секаков вид хартија.

Нашето главно мото е професионален однос, брзина и квалитет на услугите, навремена достава.