УСЛУГИ

– Предпечат

Ирис печатница поседува сопствено студио за дизајн, каде користиме најсовремени верзии на програми за компјутерска подготовка, уредување и графичкo дизајнирање пред печат, со цел постигнување на висок квалитет и задоволување на потребите на клиентите.


– Офсет печат

Офсет печат е метод најмногу користен за печат во големи тиражи. Од дигитално уреден формат се пренесува на изработка на CTP плочи, избор на квалитетна хартија и бои, со понатамошни прецизни етапи до финален печат.


– Дигитал печат

Дигиталниот метод се користи за печатење во мали и големи тиражи при што времето за изработка е сведено на најкус можен рок. Модерната технологија го гарантира квалитетот на производот и најкусиот рок за изработка.


– Книговезница

Ирис печатница производствениот процес го завршува во одделот за книговезница, каде специјализирани лица ја вршат финалната доработка на печатениот материјал: тврд и мек повез, злато печат, укоричување, корици за плакати итн.